Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2016

Бензема тренира, но е неизвесен за Атлетико

Карим Бензема се врати на тренинзите на Реал Мадрид, но и понатаму е неизвесен за градското дерби со Атлетико, кое се игра вечерва од 20.45 часот.

Францускиот напаѓач го повреди мускулот на шести ноември, во победата на Реал над Леганес (3-0), па репрезентативната пауза му дојде во вистинско време.
Тој во текот на седмицата се приклучи на тренинзите на првиот тим, но Зинедин Зидан сè уште не е сигурен дали ќе може да смета на него на „Висенте Калдерон“.
Тоа е голем проблем за францускиот стручњак бидејќи во текот на изминатата седмица остана без уште еден напаѓач, Алваро Мората, кој ќе паузира околу еден месец.
Бензема оваа сезона има помала минутажа во однос на претходните, но на 13 натпревари успеа да постигне пет гола, четири од нив во Примера лигата.
Реал е лидер на првенството со 27 бодови од 11 натпревари, има два повеќе од Барселона, пет од Вилјареал, а по шест од Атлетико и од Севилја.

Најнови вести