Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2016

Гарсија го преземa Марсеј

Францускиот фудбалски тренер Руди Гарсија официјално го раскина договорот со Рома и е слободен да го преземе Марсеј.

Гарсија во јануари доби отказ во римскиот клуб, но поради едностраното и прерано раскинување на соработката, добиваше плата сè додека беше без ангажман.
Рома денес на својата официјална интернет-страница соопшти дека се договорила со 52-годишниот тренер и му посакала сè најдобро во продолжението на кариерата.
Тој две години помина на „Олимпико“, и двата пати беше втор во Серија А, зад Јувентус, но со десетте последователни победи на стартот на сезоната 2013/14 го постави рекордот на италијанскиот шампионат.
Руди Гарсија се споменуваше и како наследник на Франк де Бур во Интер, но избра да се врати во татковината, каде што со успех ги водеше Лил, Ле Ман и Сент Етјен.

Најнови вести