Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2016

Холандија без Робен против Франција

Арјен Робен, капитенот на Холандија, нема да игра во претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство против Белорусија и Франција.

Робен натпреварите против Белорусија и Франција ќе ги пропушти поради повреда на ребрата.
„Разговарав вчера со Арјен. Тој не доаѓа, не е целосно подготвен“, изјави селекторот Дани Блинд.
Холандија квалификациите за Светското првенство во Русија ги почна со реми од 1-1 со Шведска.
Избраниците на Блинд денес, во второто коло од групата А ќе се сретнат со Белорусија, а во понеделник ќе играат против Франција.

Најнови вести