Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2016

Арсенал три седмици без Кокелен

Франсис Кокелен, играчот за врска на Арсенал, ќе мора да паузира три седмици поради повреда на коленото, објави клубот.

Кокелен мораше да го напушти теренот во 32-рата минута од натпреварот во којшто Арсенал го победи Челзи со 3-0 во саботата, по дуелот со Н’Голо Канте.
На почетокот се стравуваше дека 25-годишниот играч за врска ќе мора подолго да отсуствува, но прегледите покажаа дека повредата не е толку сериозна, така што тој ќе пропушти само два натпревари.
Тој нема да игра во Лигата на шампионите против Базел денес во Лондон, како и во недела на гости кај Барнли. Тренерот Арсен Венгер изјави дека се надева дека играчот ќе биде подготвен за натпреварот со Свонси на 15-ти октомври, по репрезентативната пауза.

Најнови вести