Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2016

Ибрахимовиќ: Оставете го Погба на мир

Златан Ибрахимовиќ, фудбалерот на Манчестер јунајтед, застана во одбрана на својот помлад соиграч Пол Погба, кој беше критикуван по поразот во саботата од градскиот ривал Манчестер сити.

„Оставете го момчето на мир, млад е, сè ќе дојде на свое место. Летоска играше на Европското првенство, немаше среќа да стане шампион, но таа генерација доаѓа“, изјави Ибрахимовиќ.
„Момчето е одлично, напорно работи, тоа ќе се исплати, сите ќе си ги голтнете зборовите наскоро“, додаде Ибра.
Во Италија навивачите се насладуваат, зборуваат дека Игуаин постигнал три гола, а и дека Погба, нивниот неодамнешен играч, исто толку пати ја променил фризурата, алудирајќи на тоа дека не постигна ниту еден гол откако летоска стигна во Јунајтед.

Најнови вести