20.7.2016 Шпанец е официјално кандидат за претседател на УЕФА
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Анхел Марија Вилјар ја официјализираше својата кандидатура за претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Вилјар е претседател на УЕФА, во моментов тој ја извршува функцијата на вршител на должност како претседател на таа организација.
Тој е трети кандидат за прв човек на европската куќа на фудбалот, а противници ќе му бидат Мајкл ван Праг од Холандија и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија, Александер Чеферин.
УЕФА наследникот на Мишел Платини би требало да го избере на 14-ти септември во Атина.
Досегашниот претставник на УЕФА, Мишел Платини, е суспендиран на четири години откако во 2011 година зема два милиони франци од тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер за консултантските работи кои ги извршуваше за светската куќа на фудбалот.