21.6.2016 Ванјама во Тотенхем за 15 милиони
Фудбалерот на Саутхемптон Виктор Ванјама се наоѓа пред трансфер во Тотенхем за 15 милиони евра, пренесува „Скај Спорт“.
Двата клуба ги договорија условите, а им остана само Ванјама да ги помине медицинските прегледи и официјално да го потпише четиригодишниот договор.
Ванјама игра на позицијата дефанзивен играч за врска, во текот на својата кариера тој настапуваше за белгискиот Бершот и Селтик, пред да дојде во Саутхемптон во јули 2013 година и е првиот фудбалер од Кенија кој заигра во Премиер лигата.
Тој меѓу „светците“ стана еден од клучните играчи, а до сега има запишано 92 настапи и четири голови.
Дресот на репрезентацијата на Кенија ја носеше на 42 настапи и постигна четири голови.