Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Пјаниќ на лекарски прегледи во Јувентус

Играчот за врска на Рома и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ се наоѓа во Торино на лекарски прегледи, соопшти Јувентус.

Шампионот на Италија ја активираше откупната клаузула од договорот на Пјаниќ и за 38 милиони евра го ангажираше еден од најкреативните играчи на денешнината. 
Дваесет и шест годишниот Пјаниќ ќе потпише договор до 2021 година.
Репрезентативецот на БИХ во 2011 година од Лион дојде во Рома и минатата сезона на 42 натпревари на „волчицата“ постигна 12 голови со 13 асистенции.
Пјаниќ имаше договор со клубот од Рим до 2018 година, а интерес за него покажаа Барселона, Челзи и Манчестер јунајтед.

Најнови вести