Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2016

Принцот на Рома го одигра 600-тиот натпревар во Серија А

Легендата на Рома Франческо Тоти во неделата оствари уште еден јубилеј откако го одигра 600-тиот натпревар за клубот во Серија А.

На натпреварот од клупата влезе во победата над Киево од 3-0 и му асистираше на Миралем Пјаниќ за третиот погодок.
Оваа сезона Тоти има нешто помала улога во тимот, иако често зборуваше дека сака повеќе да игра. Одигра 12 натпревари во Серија А, но само два пати беше стартер.
Покрај тоа овој 39-годишен фудбалер има одлична статистика откако за 360 минути на теренот забележа пет голови и три асистенции.
Само Паоло Малдини (647) и Хавиер Занети (615) имаат одиграно повеќе натпревари во историјата на Серија А од Тоти.

Најнови вести