Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2016

Харт: Ја правиме историјата на клубот

Голманот на Манчестер сити Џо Харт е среќен поради двата постигнати гола на гости, но разочаран е од начинот на кој неговиот тим ги прими головите.

Сити ремизираше 2-2 со ПСЖ во Париз, во првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на шампионите.
„Беше тоа луд натпревар во кој бевме потполно рамноправни. Одличен фудбал, но ќе видиме колку е ова добар резултат. Двата гола на гости се одлична работа, а се надевам дека ќе бидат решавачки “, изјави Харт. 
ПСЖ имаше можност да поведе од пенал во 17-тата минута, кој не го реализираше Златан Ибрахимовиќ, но Швеѓанецот во завршницата на полувремето сурово ги казни „граѓаните“ за големата грешка.
„Морам повторно да ја погледнам спората снимка, но мислам дека пеналот беше престрого досуден. Примивме ужасен прв гол, му ја дадов топката на Фернандо, а тој мислеше дека може да ја додаде. Не е лош Златан, зарем не? Онака огромен го постави своето големо стапало и топката заврши во мрежата“, изјави Харт.
Сити за прв пат е во четврт-финалето од ова натпреварување.
„Ја правиме историјата на овој клуб, но ова не е крај. Горд сум на вчерашното враќање“, заклучи голманот на Сити.

Најнови вести