Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2016

Ибрахимовиќ во форма, Пелегрини му верува на Мангала

Дуелот меѓу двата одлични тима на кои буџетот им е речиси неограничен ги направи најголеми клубови во Европа пред сè ќе го одбележи Златан Ибрахимовиќ (38 голови на 41 натпревар) и одбраната на „граѓаните“.

Со оглед дека капитенот Винсан Компани е повреден, менаџерот Мануел Пелегрини ќе мора да се потпре на Елијаким Мангала.
„На неколку натпревари оваа сезона грешеше, што е ужасно кога ќе примиш гол, но генерално добро играше, тој е одличен фудбалер. Ако ја погледнете статистиката ќе видите дека го добивме секој натпревар на кој тој настапи“, изјави Пелегрини.
Мангала стигна во август 2014 година како големо засилување за одбраната од Порто, но не се стекнува впечаток дека ги оправда вложените 40 милиони евра.
„Мислам дека цената влијаеше на него. Тој е млад играч кој се прилагодува на тешкото натпреварување во Премиер лигата, ги има сите услови да биде важен играч овде, сигурен сум дека ќе напредува од сезона во сезона“, додаде менаџерот на Сити.

Најнови вести