Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2016

Рома не ги дава Пјаниќ и Најнголан

Рома стави вето на продажбата на своите клучни играчи за врска Миралем Пјаниќ и Раџа Најнголан.

Босанецот и Белгиецот наводно ги сакаат тимови од Премиер лигата, се споменуваат Челзи и Манчестер јунајтед, но римјаните не планираат да се откажат од нив.
Покрај нив двајца, Лучијано Спалети сака во тимот за следната сезона да ги задржи уште Мохамед Салах и Костас Манолас.
Меѓутоа „волчицата“ ова лето ќе го реновира тимот, па италијанските медиуми наведуваат дека на пазарот ќе се најдат Адем Љајиќ, Сејду Думбија, Хуан Итурбе (сите тројца се на позајмица), Јаго Фалке, Вилјијам Ваинкер, Војќех Шченсни и Лукас Дињ.
На продажба ќе бидат веројатно и младите играчи Леонардо Паредес, Фредерико Ричи, Даниеле Верде, Матео Политано, Артур Калабрези и Умар Садик.
Рома дури би можела да се откаже и од Антонио Санабрија, кој го доведе од младото училиште на Барселона, а за него се наводно заинтересирани Реал Мадрид, Тотенхем, Севилја и Саутхемптон.

Најнови вести