Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2016

Бензема повреден, ќе паузира еден месец

Напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема поради повреда на мускулот на десната нога најверојатно ќе отсуствува од теренот најмалку месец дена, соопшти шпанскиот тим.

Реал во соопштението не прецизираше колку Бензема ќе биде надвор од теренот, со напомена дека „неговото заздравување и понатаму ќе се проценува“.
Бензема се повреди на натпреварот против Атлетико Мадрид.
Францускиот напаѓач ќе ги пропушти натпреварите против Леванте и Селта во Примера, но и реванш натпреварот во осминафиналето на Лигата на шампионите против Рома следната седмица. Тој би требало да биде подготвен за натпреварот против Барселона на „Камп ноу“ за 2 април.
Бензема оваа сезона за Реал постигна 23 голови во сите натпреварувања, но на последните четири натпревари само еднаш беше стрелец.

Најнови вести