Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2016

Реал без Марсело против Атлетико

Дефанзивецот на Реал Мадрид ќе го пропушти големото дерби против градскиот ривал поради неговата повреда.

Само што се врати на теренот по повредата на рамото, Марсело ќе го пропушти дуелот со Атлетико поради проблемите со мускулите и со уморот.
Мадридските медиуми пренесуваат дека Марсело доживеа дури четврта повреда оваа сезона поради која ќе мора да паузира околу три седмици.
На натпреварот против Атлетико неговото место крај левата аут линија ќе ја заземе десниот бек Данило или дефанзивниот играч Начо.
Марсело ќе го пропушти натпреварот со Атлетико и реванш натпреварот во осминафиналето во Лигата на шампионите против Рома, но и натпреварите со Леванте и Селта во Примера.
Само да потсетиме, надвор од тимот од порано се Алваро Арбелоа и Герет Бејл кој сигурно ќе го пропуштат дуелот со „јорганџиите“, додека на клупата би можел да биде и Пепе.
Сепак, Зидан доби и една добра вест пред овој дуел, а тоа е враќањето на Карим Бензема, кој се враќа во тимот откако минатиот викенд не играше во Малага.
Натпреварот Реал Мадрид – Атлетико Мадрид е на програмата за денес од 16:00 часот.

Најнови вести