18.10.2011 Куман даде отказ
Ервин Куман даде отказ од местото тренер на клупата на Утрехт, откако изјави дека не е задоволен од случувањата во клубот.
Постариот брат на Роналд Куман клубот го презеде во јули, а во текот на
преодниот трансфер-рок ги загуби главните фудбалери Рики ван Волфсвинкел, Дрис
Мертенс и Кевин Стротман.
Утрехт во наредниот период ќе го води помошникот на Куман, Јан Ваутерс, кој
можно е во клубот да остане и до крајот на сезоната.
Екипата во моментов се наоѓа на десеттото место во холандското првенство,
со дванаесет освоени бода од девет натпревари.