Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2016

Рома – Реал, дуел кој ќе го одлучат Балканци

Многу фудбалски стручњаци сметаат дека вечер ќе биде клучен дуел на средината на теренот меѓу Миралем Пјаниќ и Лука Модриќ.

Реал Мадрид вечерва ѝ гостува на Рома во еден од натпреварите во осминафиналето на Лигата на шампионите, додека на другиот натпревар се среќаваат Волфсбург и Гент во Белгија.
Секако во центарот на вниманието е натпреварот меѓу Рома и Реал Мадрид, во прашање е дерби натпревар меѓу два европски гиганта, а многумина од љубителите на фудбалот поголеми шанси за четврт-финалето му даваат на Реал Мадрид.
Сепак, многумина сметаат дека клучен дуел е оној кој ќе се води на средината на теренот меѓу Миралем Пјаниќ и Лука Модриќ.
Босанецот и Хрватот имаат одлични карактеристики, а досегашниот достигнувања во Лигата на шампионите им е многу сличен. Двајцата забележаа по 5 настапи, Пјаниќ постигна 2 гола и имаше 1 асистенција, додека Модриќ постигна 1 гол.
Модриќ имаше нешто повеќе што се однесува на пасовите, имаше нешто преку 90% успешни додавања што е за секоја пофалба, за разлика од Пјаниќ кој имаше 83%, но во повеќето останати категории подобар е репрезентативецот на БИХ.

Најнови вести