Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2011

Казнети Муту и Каладзе

Управата на италијанската фудбалска лига го суспендираше на четири натпревари неиграње Каха Каладзе, дефанзивниот играч на Џенова, а Адријан Муту, напаѓачот на Чезена, на три меча поради недисциплина во минатото коло.

Каладзе во саботата против Лече (0-0) го навредуваше судијата, а потоа доби и втор жолт картон. Тој е казнет и парично со 5.000 евра.
Муту доби црвен картон во неделата, во дуелот против својот поранешен клуб Фиорентина (исто така 0-0) бидејќи замавна со раката кон дефанзивниот играч Мати Касани.
Дисциплинските акции не се ништо ново за Муту, кој минатата година беше суспендиран на девет месеци поради допинг. Тој потоа нападна човек, а по тој инцидент Фиорентина го отстрани од тимот бидејќи во јануари го напушти тренингот без објаснување.
Муту, исто така, мора да му плати на својот поранешен клуб Челзи 17 милиони евра компензација за прекршување на договорот и раскинување на штета на играчот.

Најнови вести