11.2.2016 Чичарито ќе паузира неколку седмици
Напаѓачот на Баер Леверкузен Хавиер Ернандес ќе го пропушти натпреварот против Дармштат во Бундеслигата поради повреда на глутеалниот мускул.
Популарниот Чичарито на натпреварот во Купот на Германија против Вердер доживеа полесна повреда на глутеалниот мускул.
Тој го доведе својот тим во предност во 22-та минута од пенал, но неговиот Баер сепак беше поразен со 3-1, а тој играта ја напушти поради повредата во 57-та минута.
Овој 27 годишен Мексиканец е најдобриот стрелец на Баер со постигнати 22 голови на 26 натпревари во сите натпреварувања.
Баер Леверкузен во сабота ќе му гостува на Дармштат во натпреварот од 21 коло на германската Бундеслига.