Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2015

Лампард: Пресреќен сум што ќе играм со Пирло

Легендарниот Френк Лампард изјави дека е многу среќен што ќе игра во ист тим со барем исто толку легендарниот Андреа Пирло.

Пирло потпиша за Њујорк сити и со тоа стана најновото исклучително звучно име коешто стигна во МЛС-лигата.
„Го гледав многу години и си мислев: би сакал еден ден да заиграм со него. Но, не мислев дека тоа навистина ќе се случи. Големо е задоволството да се биде во ист тим. Ќе му дозволам да го изведе првиот слободен удар“, изјави Лампард.
Пирло, наводно, би требало да дебитира во недела, кога Њујорк сити ќе се сретне со Тотенхем.

Најнови вести