Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2015

Пирло ќе ги пропушти Рома и реваншот со Борусија

Андреа Пирло, фудбалерот на Јувентус, ќе го пропушти дербито со Рома и реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Борусија во Дортмунд поради повреда на листот.

Италијанскиот фудбалер се повреди во првиот натпревар, одигран во Торино, а првите прогнози укажуваа дека Пирло би можело да паузира дваесетина дена.
Тој поради повреда во 37-мата минута мораше да го напушти теренот во победата на „старата дама“ над Дортмунд со 2-1.
Реванш-натпреварот од осминафиналето на елитното натпреварување се игра на 18-ти март во Дортмунд.
Пирло претходно ќе ја пропушти и дерби-средбата на Серија А против Рома, која се игра во понеделник, како и дуелите со Фиорентина, Сасуоло и Палермо.
Јувентус е прв на табелата во италијанското првенство со десет бодови предност во однос на второпласираната Рома.


Најнови вести