Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2015

Тевес: По малку го копирам Пирло

Карлос Тевес постигна гол од слободен удар против Рома и со тоа на совршен начин го надополни отсуството на Андреа Пирло, кој е задолжен за изведувањето на прекините во Јувентус.

Аргентинецот со перфектен удар во 64-тата минута ја испрати топката преку живиот ѕид во голот, но Јувентус сепак одигра реми 1-1 со Рома.
„Секогаш го гледам Андреа како тренира и многу ми е важно малку да го копирам неговиот стил. Тој е пример. Кој ќе има предност кога ќе се врати? Андреа, без сомнение“, изјави Тевес.
Јувентус со овој гол поведе во Рим и имаше шанса да стекне 12 бодови предност во однос на Рома, но со играч повеќе, сепак освои само еден бод.
„Тренерот е во право што е бесен поради ремито. Не смееме да ги испуштаме ваквите важни натпревари толку лесно. Во последните 20 минути имавме играч повеќе, по одличната игра во првите 70. Ја сум, исто така, бесен, ние сме силен тим, карактерот на тимот ме воодушеви во овој натпревар, но не смееме вака да губиме бодови“, изјави Тевес.

Најнови вести