Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2015

Чави преговара со Њујорк сити

Чави Ернандес, капитенот на Барселона, почнал преговори со екипата на Њујорк сити за трансфер налето во МЛС-лигата, пренесува „Мундо депортиво“.

Како што наведува шпанскиот весник, Чави имал прелиминарни разговори со претставници на Њујорк сити во друштво на менаџерот и неговиот татко во еден ресторан во Барселона.
Искусниот играч за врска доколку постигне договор, ќе му се придружи на Давид Вилја, некогашниот соиграч од Барселона и од репрезентацијата на Шпанија.
Договорот на Чави со каталонскиот клуб му истекува во 2016 година, но оваа сезона нема минутажа како во претходните години.
Тој целата кариера ја помина во Барселона, одигра 747 натпревари и постигна 84 голови.
За репрезентацијата на Шпанија настапи 133 пати и даде 57 голови, а по Светското првенство во Бразил се збогува од националниот тим.

Најнови вести