Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2014

Пирло и Конте најдобри во 2014 година

Андреа Пирло, италијанскиот репрезентативец од Јувентус, трет пат последователно е прогласен за најдобар играч на Серија А во изборот на Здружението на италијански фудбалери.

За најдобар тренер е избран Антонио Конте, кој го водеше Јувентус до шампионската титула, а потоа ја презеде италијанската репрезентација.
„Отсекогаш било задоволство да се добие оваа награда. Среќен сум што повторно сум избран за најдобар играч“, изјави Пирло на доделувањето на наградата.
Јувентус минатата сезона ја освои 30-тата шампионска титула на Италија и со 102 бодови постави рекорд.
Пирло во 2011 година од Милан направи трансфер во Јувентус, одигра 140 натпревари и постигна 17 голови.
Играчот за врска на клубот од Торино во текот на целата кариера игра во италијанскиот шампионат, каде што постигна 26 голови од слободен удар, два помалку од рекордерот Синиша Михајловиќ.
За националниот тим одигра 113 натпревари и постигна 13 погодоци.

Најнови вести