Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2015

Лампард останува во Сити до крајот на сезоната

Фудбалскиот клуб Манчестер сити потврди дека Френк Лампард меѓу „граѓаните“ ќе остане до крајот на сезоната, иако минатото лето потпиша за Њујорк сити.

„Манчестер сити може да потврди дека договорот со Френк Лампард е продолжен до крајот на сезоната, што му овозможува да учествува како во домашните натпревари така и во Лигата на шампионите“, стои во соопштението на шампионот на Англија.
Англискиот фудбалер постигна шест голови на 17 натпревари за Сити од почетокот на сезоната, откако дојде на заем од членот на МЛС-лигата. Американскиот тим објави дека датумот кога Лампард ќе му се придружи на Њујорк сити ќе биде познат подоцна во текот на сезоната.
„Френк е ѕвезда и не е изненадување дека Манчестер сити го наградил неговиот секојдневен придонес на теренот. Тој со нетрпение чека да дојде во Њујорк кога ќе дојде крајот на неговите обврски во Англија и тогаш ќе стане член на тимот“, изјави Клаудио Рејна, директорот на Њујорк сити.
Мануел Пелегрини, менаџерот на Сити, неодамна не ја криеше желбата во тимот да го задржи 36-годишниот Лампард.
„Френк е врвен играч, мора да продолжи да постигнува голови, одличен е. Знаеме што мора да направиме, Френк сака да остане, а ние сакаме да го задржиме“, изјави Пелегрини.

Најнови вести