Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2016

Лампард: Мурињо може да успее во Јунајтед

Легендата на Челзи Френк Лампард верува дека поранешниот тренер на Челзи, Жозе Мурињо, може успешно да го води Манчестер јунајтед доколку го преземе ова лето.

Португалскиот тренер во декември доби отказ во Челзи и од тогаш е главен фаворит да го замени својот некогашен ментор Луис ван Хал во Јунајтед.
Лампард во првиот мандат на Мурињо во Челзи од 2004 до 2007 година освои две титули и три трофеи вкупно. Тој е убеден дека неговиот поранешен шеф би имал успех на „Олд Трафорд“.
„Мислам дека Мурињо може да го води било кој клуб на светот и милам дека со неговата работа до сега тоа и го покажа. Без разлика дали е во прашање Порто, таканаречениот помал европски тим, или Челзи, со кој видовте што стори, потоа Интер го доведе до освојување на Лигата на шампионите, како и Реал Мадрид“, изјави фудбалерот на Њујорк .
Лампард додаде дека водењето на Јунајтед не е лесно, но дека Мурињо има сè што е потребно за да успее.
„Ниедна работа не е претешка за него. Водењето на Манчестер јунајтед не е лесно, како што нема да му биде лесно ниту на Антонио Конте во Челзи, но тој има сè што му е потребно за да успее“, заклучи Лампард.

Најнови вести