Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2018

По стапките на Џерард – Лампард нов менаџер на Дерби каунти

Френк Лампард, легендата на Челзи и на репрезентацијата на Англија, официјално стана менаџер на Дерби каунти, со кого потпиша договор на три години.

„Секогаш сум сакал да водам клуб со голема традиција и историја како што е Дерби каунти, така што ова е голема шанса за мене“, изјави Лампард на претставувањето.
Нему ова му е прва тренерска работа.
„Блиску соработував со некои од најдобрите менаџери во овој спорт и уверен сум во своите способности. Знам дека нема да биде лесно, никогаш не е, но навистина се радувам на предизвикот“, изјави Лампард.
Тој во текот на играчката кариера 106 пати настапи за репрезентацијата и има 649 натпревари за Челзи, чиј прв стрелец е и понатаму.
Дерби минатата сезона ја заврши на шестото место на табелата на Шампионат лигата, а во полуфиналето на плејофот за Премиер лигата беше елиминиран од Фулам.
Лампард на местото тренер на Дерби ќе го замени Гери Роувет, кој замина во Стоук.
Претходно во текот на овој месец, Стивен Џерард, некогашниот соиграч на Лампард од репрезентацијата и голем ривал, беше именуван за нов менаџер на Глазгов ренџерс.

 

Најнови вести