Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2016

Конте ќе тестира седум дебитанти за списокот на „аѕурите“

Селекторот на Италија Антонио Конте ќе тестира седум дебитанти во тренинг кампот оваа седмица пред да го соопшти на 23-ти прелиминарниот список за ЕВРО.

Конте одбра 28 играчи со кои ќе работи следните седум дена, а меѓу нив нема фудбалери на Јувентус и Милан кои на 21-ви мај ќе играат во финалето во Купот на Италија.
На списокот ги нема ни Андреа Пирло и Себастијан Џовинко, кои сезоната ја помина во МЛС лигата, па се шпекулира дека Конте воопшто не смета на нив, но медиумите не ги отпишуваат.
Конте прв пат во репрезентацијата го повика Марк Спотиала, Армандо Иза, Лоренцо Тонели, Марк Бенази, Данило Коталдија, Давид Запакоста и Леонардо Паволети.
Прв пат откако Конте е селектор повик добија уште и Фабио Борини и Антонио Миранте. Конте конечниот список за играчи за Европското првенство во Франција мора да ги соопшти до 31-ви мај.
„Аѕурите“ во текот на подготовките за Европското првенство ќе одиграат два тест натпревари, со Шкотска на 29-ти мај на Малта и со Финска на 6-ти јуни во Верона.
Италија во Франција ќе игра во Групата Е со Белгија (13 јуни), со Шведска (17 јуни) и со Ирска (22 јуни).

Најнови вести