Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2016

Конте не смета на ветераните Пирло и Де Роси

Селекторот на Италија Антонио Конте одлучи да ја подмлади репрезентацијата на Европското првенство во Франција и нема да ги поведе Андреа Пирло и Даниеле де Роси.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, поранешниот тренер на Јувентус не смета ни на Марио Балотели, од кого веќе со години се очекува да биде еден од клучните играчи на „аѕурите“.
„Кориере дело спорт“ пишува дека искусниот тандем кој го освои Мундијалот во 2006 година нема да биде на списокот бидејќи Пирло не игра доволно конкурентен фудбал во САД, а Де Роси има многу проблеми со повредите.
За дисциплината на Балотели непотребно е да се зборува, а дополнителна причина е тоа што не е стандарден ни во Милан кој во моментов е далеку од врвот на италијанскиот фудбал.
Конте планира да го гради средниот ред околу Марко Верати од ПСЖ и Клаудио Маркисио од Јувентус, додека во нападот шансата ќе му ја пружи на Лоренцо Инсиње од Наполи и Федерико Бернардески од Фиорентина.
„Аѕурите“ се прошетаа низ квалификациите со седум победи и три реми натпревари, а на првенството во Европа ќе играат во групата со Белгија, Шведска и Република Ирска.

Најнови вести