Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2018

И Конте го одби Реал Мадрид

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, ја одби понудата на Реал Мадрид да го преземе Кралскиот клуб и сака до крај да го одработи својот договор со Челзи, јавува „Скај“.

Шпанската „Марка“ пишуваше дека Мадриѓаните би можеле да го убедат Конте да дојде, откако шампионската титулата на Челзи во Англија оваа сезона помина во знакот на Манчестер сити.
Управата на Реал во средата го повикала Конте, но тој ја одбил од неколку причини.
Една од нив се и парите, бидејќи Челзи ќе плати пенал од десет милиони евра ако го отпушти, а клубот од „Стемфорд бриџ“ сепак преговара со други тренери и потенцијални замени на Конте.
Конте е загрижен и за работната етика во Реал Мадрид, како и поради тоа што фокусот на клубот кон ѕвездите не се поклопува со неговиот пристап.
Реал сега веројатно ќе се сврти кон новите алтернативи, како Маурицио Сари од Наполи или Маурисио Покетино од Тотенхем.
Реал Мадрид остана без тренер на почетокот на овој месец, кога Зинедин Зидан изјави дека си заминува од клупата на тимот, само по пет дена откако ја освои третата последователна Лига на шампиони.

Најнови вести