Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
27.2.2018

Конте најсериозен кандидат за селектор на Италија

Фудбалскиот сојуз на Италија го сака Антонио Конте, тренерот на Челзи, за селектор на репрезентацијата, пренесоа медиумите во таа земја.

„Од сите потенцијални кандидати, Конте за мене е најдоброто решение. Сè уште не е избрано решение, но мислам дека тој е вистинскиот избор“, изјави Алесандро Костакурта, потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија.
Покрај Конте, кандидати за местото селектор на Италија се Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.
Италија е без селектор откако си замина Џампјеро Вентура по неуспехот бидејќи репрезентацијата не се пласира на Светското првенство во Русија.
Привремено решение е селекторот на младата репрезентација Луиџи ди Баџо, а селекторот ќе биде именуван пред почетокот на Лигата на нациите во септември.

Најнови вести