Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2018

Челзи мора што побрзо да донесе одлука околу Конте

Антонио Конте и понатаму има важечки договор со Челзи и нема намера да поднесе оставка, а медиумите од Островот пишуваат дека управата на клубот од „Стемфорд бриџ“ е под притисок што побрзо да одлучи каква ќе биде иднината на Италијанецот во Лондон.

Челзи нема да има ниту лесен ниту евтин начин да се откаже од Антонио Конте. Ако сопственикот Роман Абрамович го отпушти Италијанецот, ќе мора да му плати компензација од девет милиони фунти за порано раскинување на договорот, а Конте, наводно, нема намера сам да си оди бидејќи не постои ниедно друго место каде што веднаш би добил вработување. Тој простор посебно се намали по објавувањето дека Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Реал.
Челзи константно ја одложува одлуката за менаџерот кој на клубот му ја донесе титулата во 2017 година, а, од друга страна, Конте порачува дека е подготвен да почне да ги води тренинзите кога ќе дојде време за тоа.
Инаку, како најсериозен кандидат за менаџер на Челзи се споменува Маурицио Сари, кој, исто така, има спор со Наполи околу оштетата поради отказот и раскинувањето на договорот, а меѓу најсериозните кандидати се имињата на Лоран Блан и Хорхе Сампаоли.
Раскинувањето на договорот со Конте може да биде прилично скапо, но Челзи може да изгуби и доколку го задржи. Еден Азар тешко дека ќе го продолжи договорот ако 48-годишниот Италијанец остане на клупата, а истото важи и за Вилијан и за Давид Луиз. Челзи, и покрај сето ова, размислува за нови играчи, па се зборува дека меѓу „сините“ во текот на летото може да дојдат Антони Мартијал од Манчестер јунајтед и Роберт Левандовски од Баерн.

Најнови вести