Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2015

Пирло: Солзите не значат збогување

Андреа Пирло, фудбалерот на Јувентус, изјави дека солзите по поразот во финалето на Лигата на шампионите од Барселона (3-1) не значат разделба од торинскиот клуб.

Пирло теренот на Олимпискиот стадион во Берлин го напушти расплакан, што многумина го протолкуваа како збогување од Јувентус.
„Дали моите солзи значеа заминување од Јувентус? Не, плачев поради поразот. Тоа беше шанса која нема наскоро да ми се повтори“, изјави 36-годишниот фудбалер од средината на теренот, двократен освојувач на Лигата на шампионите со Милан.
Тој во Јувентус дојде во 2011 година, а во последно време беше поврзуван со Њујорк сити.
За клубот од Торино одигра 164 натпревари и даде 19 голови. Пирло за репрезентацијата на Италија настапи 113 пати и постигна 13 погодоци.
Со националниот тим ги освои Светското првенство во Германија 2006 година и бронзениот медал на Олимписките игри во Атина две години претходно.

Најнови вести