Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2015

Пирло подготвен за натпреварот против Монако

„Пирло нема да биде во составот за утрешниот првенствен натпревар против Парма, но ќе биде подготвен за Монако, а тоа е најважно“.

Андреа Пирло, креаторот на играта на Јувентус од Торино, закрепна од повредата и ќе биде подготвен за четврт-финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Монако. Искусниот 35-годишен фудбалер го повреди листот на ногата на првиот натпревар од осминафиналето од елитното натпреварување, на 24-ти февруари против Борусија Дортмунд, и оттогаш е надвор од теренот.
„Пирло нема да биде во составот за утрешниот првенствен натпревар против Парма, но ќе биде подготвен за Монако, а тоа е најважно“, изјави Масимилијано Алегри, тренерот на италијанскиот шампион.
Првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Монако се игра во вторник , во Торино.

Најнови вести