Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2015

Пирло ќе оди во Њујорк?

Андреа Пирло, фудбалерот на Јувентус, се наоѓа на чекор од трансфер во Њујорк сити, со кого би требало да потпише договор на крајот на оваа седмица.

Неколку медиуми пренесоа дека 36-годишниот Пирло се договорил со управата на Њујорк сити за условите на соработката и дека во петок ќе биде објавен трансферот. Договорот на Пирло со Јувентус му истекува за една година.
Италијанскиот репрезентативец во саботата вечерта во Њујорк го гледал бејзбол натпреварот на Њујорк јенкис, на стадионот на којшто игра и фудбалскиот клуб Њујорк сити.
Ако направи трансфер во Њујорк сити, Пирло на „Јенки стадионот“ ќе игра заедно со англискиот репрезентативец Френк Лампард и со најдобриот стрелец на шпанската репрезентација Давид Вилја.
Пирло одигра 115 натпревари за репрезентацијата на Италија и беше еден од најзаслужните за освојувањето на Светското првенство во 2006 година.
Исто така, тој беше еден од најдобрите играчи на Јувентус во минатата сезона, во која „црно-белите“ ја освоија четвртата последователна титула во Серија А.

Најнови вести