Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2015

Лампард ја разјасни забуната

Поранешниот долгогодишен фудбалер на Челзи, Френк Лампард, изјави дека двегодишниот договор со Њујорк сити не му тече од август минатата година, туку од јануари годинава.

Челниците на американскиот клуб летоска соопштија дека Лампард потпишал двогодишен договор кој почнува да важи на 1ви август 2014.
Лампард нагласи дека по напуштањето на Челзи со Њујорк сити потпишал „обврска дека за нив ќе игра две години, почнувајќи од 1ви јануари“, а дека му е понудено привремено да биде член на Манчестер сити.
Англискиот фудбалер на заем ќе игра во Манчестер до крајот на сезоната.

Најнови вести