Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2015

Пирло: Испративме порака

Андреа Пирло, играчот за врска на Јувентус, изјави дека неговиот тим мора да ја повтори истата игра и во реваншот со Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар во Торино, Јувентус го совлада Реал со 2-1.
„Испративме порака дека сме тука, дека сакаме да играме во финалето и дека во Мадрид ќе се бориме и тоа како. Во реваншот ни се потребни истата концентрација и верба во себе, мораме да веруваме дека можеме да се пласираме во финалето“, изјави Пирло.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одржи во Берлин, местото на коешто Пирло и некои од неговите соиграчи од Јувентус ја освоија светската шампионска титула со Италија во 2006 година.
„Слоганот ’Одиме во Берлин’ засекогаш остана во мојата глава, се надевам дека повторно ќе стане вистина. Дали тоа е судбина? Се надевам“, додаде 35-годишниот Пирло.
Реваншот се игра следната среда на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Најнови вести