Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2015

Пирло неизвесен за реваншот во Дортмунд

Андреа Пирло, фудбалерот на Јувентус, најверојатно ќе го пропушти претстојниот реванш-натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Борусија во Дортмунд.

Пирло го повреди листот на првиот натпревар меѓу двата тима, одигран во Торино, кога „старата дама“ победи со 2-1.
Во редовите на шампионот на Италија се надеваа дека Пирло ќе биде подготвен за во среда, но тој денес не тренираше со соиграчите, пренесуваат италијанските медиуми.
„Газета дело спорт“ е песимистична во врска со прашањето дали има шанси италијанскиот фудбалер да се најде на теренот, поради тоа што изгледа дека тој не закрепнал целосно.
Реванш-натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Јувентус се игра во среда, од 20.45 часот.

Најнови вести