Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2014

Лампард оди во Њујорк сити

Френк Лампард, легендата на Челзи, кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС-лига.

По 13 години на „Стемфорд бриџ“, Лампард го напушта Лондон и оди во новиот клуб Њујорк сити, кој во МЛС- лигата е основан од Манчестер сити.
Лампард има 36 години, а во Њујорк му се придружи на Давид Вилја, кој претходно ова лето потпиша за Сити.
Англичанецот на 429 натпревари за Челзи постигна 147 погодоци и освои три шампионски титули на Англија, Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Тој одигра повеќе од сто натпревари за Англија, а кариерата ја почна во Вест хем.
Со оглед на тоа дека учеството на Сити во МЛС-лигата ќе почне дури во сезоната 2015, Вилја во меѓувреме ќе игра во сестринскиот клуб Мелбурн сити во Австралија, па прашање е дали и Лампард ќе оди по неговите чекори.

Најнови вести