Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2014

Давид Вилја потпиша за новиот МЛС клуб Њујорк сити

Давид Вилја, шпанскиот фудбалер и досегашен член на Атлетико Мадрид, потпиша договор со новиот член на МЛС-лигата, Њујорк сити.

Тој е првиот играч што го доведе новиот клуб кој минатата година го формираа челниците на Манчестер сити и Њујорк јенкис и следната сезона ќе игра во МЛС-лигата.
„Во текот на кариерата секогаш се трудев да поставувам нови цели, затоа и дојдов во овој клуб. Чест ми е што луѓето коишто го формираа клубот сакаа да ме ангажираат“, изјави Вилја за интернет-страницата на клубот.
„Сакам да помогнам МЛС-лигата да се развива низ игра, напорна работа, постигнување голови и, исто така, да му помогнам на клубот да стане најдобар во лигата. Чест ми е што луѓето коишто го оформија овој клуб се фокусираа на мене. Ќе се обидам да дадам сè од себе и да ја оправдам довербата што ми е укажана“, додаде Вилја.
Вилја, најдобриот стрелец на шпанската селекција на сите времиња, се одлучи за радикална промена на кариерата за годишна плата која ќе биде значително поголема од сегашните пет милиони евра.
Тој оваа сезона со Атлетико ја освои шампионската титула на Шпанија, а одигра 47 натпревари и постигна 15 голови. Претходно беше шампион на Шпанија и освојувач на Лигата на шампионите во дресот на Барселона.

Најнови вести