Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2014

Лампард потврди: Го напуштам Челзи!

Френк Лампард, легендата на Челзи, потврди дека го напушта клубот од „Стемфорд бриџ“ по 13 години.

Триесет и петгодишниот Лампард е рекордер на Челзи според бројот на постигнати голови (211).
Од доаѓањето од Вест хем во 2001 година, Лампард освои 11 големи трофеи, вклучувајќи ги трите на Премиер лигата и Лигата на шампионите.
„Овој клуб стана дел од мојот живот“, изјави Лампард, кој е на подготовки со репрезентацијата за Светското првенство.
Тој сè уште не се одлучил дали ќе се повлече од фудбалот или ќе ги разгледа добиените понуди, а одлуката ќе ја донесел по Мундијалот во Бразил.
Лампард одигра 649 натпревари за Челзи и покрај споменатите трофеи, освои уште четири титули на ФА купот, две на Лига купот и Лигата на Европа.
Во мај 2013 година потпиша едногодишен договор и одигра 40 натпревари во изминатата сезоната за екипата на Жозе Мурињо.

Најнови вести