Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2014

Лампард заврши со репрезентацијата

Англискиот фудбалер Френк Лампард изјави дека веќе нема да игра за репрезентацијата, само по еден месец откако тоа го направи капитенот Стивен Џерард.

Лампард прв пат во дресот на „гордиот Албион“ настапи во октомври 1999 година на средбата со Белгија, а оттогаш одигра вкупно 106 натпревари и постигна 29 голови.
Одлуката за повлекување од репрезентацијата не е големо изненадување, поради тоа што во последно време не успеваше да се избори за место во стартната постава. Не треба да се занемари и фактот дека има 36 години.
Лампард ова лето, по 13 години, го напушти Челзи и отиде во Њујорк сити, но му беше позајмен на Манчестер сити до почетокот на сезоната во Соединетите Американски Држави. Потекнува од Вест хем, во кого играше од 1995 до 2001 година, со тоа што една сезона ја помина на заем во Свонси.
Повлекувањето на Лампард речиси извесно значи дека Вејн Руни ќе биде именуван за нов капитен на Англија. Селекторот Рој Хоџсон одлуката ќе ја соопшти утре.

Најнови вести