Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2014

Пелегрини: Лампард ќе игра за Манчестер сити

Менаџерот Мануел Пелегрини изјави дека Френк Лампард, поранешниот фудбалер на Челзи, ќе биде на заем во Манчестер сити.

Англискиот фудбалер потпиша договор со Њујорк сити, клубот кој е во сопственост на екипата од Манчестер, а до почетокот на сезоната во МЛС-лигата, во март, тој ќе игра во Англија.
„Како што знаете, Френк потпиша договор со Њујорк сити и таму ќе почне да тренира во јануари, со оглед на тоа дека сезоната почнува во март. Од среда ќе почне да работи со нашиот тим и ќе игра за нас“, изјави Пелегрини.
„Тој знае дека имаме многу добар тим и многу играчи на неговата позиција. Лампард е само уште еден играч повеќе, ќе мора да се бори за својата позиција. Ќе играме доста натпревари, така што тој е многу важен за нашиот тим“, додаде менаџерот на Сити.
Пелегрини изјави дека постои можност тој да не го игра натпреварот со Челзи.
„За тоа ќе разговарам со него, но тој е фудбалер на Манчестер сити, ќе го игра секој натпревар на којшто ќе биде потребно да игра“, изјави Пелегрини.

Најнови вести