Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2014

Лампард потпиша за Њујорк

Френк Лампард, легендата на Челзи, потпиша двегодишен договор со членот на американската МЛС, Њујорк сити.

Триесет и шестгодишниот Лампард ги напушти „сините“ од Лондон по 13 години поминати на „Стемфорд бриџ“.
Тој во Челзи стигна во 2001 година од Вест хем за 11 милиони фунти и стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 211 голови на 649 натпревари.
Њујорк сити е новоформиран клуб кој наредната сезона ќе дебитира во МЛС-лигата и е франшиза која ја поседува сопственикот на Манчестер сити. Во Њујорк веќе стигна Давид Вилја од Атлетико Мадрид.

Најнови вести