Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2014

Лампард капитен против Костарика

Френк Лампард, фудбалерот на Челзи, ќе ја носи капитенската лента во репрезентацијата на Англија на натпреварот против Костарика на Светското првенство во Бразил.

Англија е поразена во првите две средби во групата Д од Италија и од Уругвај, и со тоа ги изгуби шансите за пласман во осминафиналето.
Како што пренесуваат британските медиуми, Стивен Џерард средбата ќе ја почне на клупата, а 36-годишниот Лампард ќе ја носи лентата во својот веројатно последен натпревар во дресот на репрезентацијата на Англија.
Играчот за врска Џордан Хендерсон изјави дека атмосферата во кампот на Англичаните е лоша и дека е вистинско време репрезентативците да се соединат.
„Нема некое расположение, но треба да се држиме заедно и да останеме силни. Сигурен сум дека еден ден ќе се сетиме на сите лоши страни, но истовремено она што не ве убива ве прави посилни, така што мораме да продолжиме“, изјави Хендерсон.
Натпреварот меѓу Англија и Костарика ќе се игра во вторник во 18 часот во Бело Оризонте.

Најнови вести