Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2014

Насри се враќа во тимот по паузата

Самир Насри, фудбалерот за врска на Манчестер сити, закрепна од повредата и ќе биде подготвен за денешниот натпревар кој „граѓаните“ го играат со Њукасл.

Насри еден месец беше надвор од теренот, ќе биде подготвен за натпреварите со Њукасл и Манчестер јунајтед, а менаџерот на Сити изјави дека е клучно да има што повеќе играчи на располагање.
„Насри тренира нормално и ќе биде во конкуренција за натпревар против Њукасл. Кога играте толку натпревари, многу е важно сите играчи да бидат подготвени за да можеме да вршиме некои измени“, изјави Пелегрини.
Екипата на Мануел Пелегрини во натпреварот од четврт-финалето на Лига купот ќе настапи без Френк Лампард, кој го пропушти и натпреварот со Тотенхем, кога „граѓаните“ триумфираа со 4-1. Чилеанскиот стручњак изјави дека Лампард веројатно нема да биде подготвен ниту за натпреварот со градскиот ривал.
„Лампард е надвор од конкуренција за натпреварот, мислам дека нема да биде подготвен ниту за викендот, можеби ќе биде подготвен дури следната недела“, изјави Пелегрини.
Манчестер сити моментно се наоѓа на третото место на табелата, со шест бодови помалку од првопласираниот Челзи.
„Граѓаните“ следните два натпревари ги играат на домашен терен, првиот вечерва од 20.45 часот со Њукасл, додека со Манчестер јунајтед играат од 14.30 часот во недела.

Најнови вести