Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2014

Пелегрини сака да го задржи Лампард

Менаџерот на Манчестер сити, Мануел Пелегрини сака да го задржи Френк Лампард и откако ќе му истече договорот за заем од Њујорк сити на крајот на декември.

„Мислам дека Френк е многу важен играч за нас и верувам дека нема да има проблем доколку сакаме да го задржиме“, изјави Пелегрини.
Сити во следниот период ќе мора да игра без стандардниот првотимец Јаја Туре, кој ќе ги брани боите на БСК на Купот на африкански нации во јануари.
Поранешниот долгогодишен фудбалер на Челзи, Лампард, во Њујорк го очекуваат на почетокот од годината, на почетокот на претсезоната.

Најнови вести