Корисничко име Лозинка Пријави се
12.6.2014

Хицфелд: Европејците имаат мали шанси за триумф во Бразил

Отмар Хицфелд, селекторот на репрезентацијата на Швајцарија, смета дека европските селекции имаат мали шанси за освојување на титулата на Светското првенство во Бразил.

Искусниот германски стручњак, кој Швајцарците два пати по ред ги одведе на Мундијалот, изјави дека европските тимови не дошле до тронот кога шампионатите се одржувале во Јужна и Средна Америка.
„Европските репрезентации многу, многу тешко можат до титулата. Не може да биде случајност тим од Европа да не може да го освои шампионатот кога се одржува во Јужна Америка. Не го освои ниту во Уругвај, ниту во Мексико, ниту во Аргентина, а сигурно нема ниту во Бразил“, изјави 65-годишниот Германец.
Хицфелд, едниот од петтемина тренери коишто со два клуба ја освоија Лигата на шампионите (Борусија Дортмунд 1997, Баерн Минхен 2001) и кој заминува во пензија по Мундијалот, верува дека Швајцарија би можела да направи изненадување во групата Е, во која се уште Еквадор, Франција и Хондурас.
„Таа е навистина силна група. Сите три екипи се квалитетни, инаку не би се ни квалификувале на Светското првенство. Наша цел е да се пласираме во вториот круг, а потоа не постојат граници“, заклучи Хицфелд.

Најнови вести