Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2015

Шпанија и Швајцарија обезбедија пласман на Евро 2016

Репрезентациите на Шпанија и Швајцарија обезбедија пласман на Европското првенство 2016 година со победите во претпоследното коло од квалификациите.

Шпанците со 4-0 го победија Луксембург и го обезбедија првото место во групата Ц, а Словачка загуби од Белорусија на домашен терен и го загрози својот пласман бидејќи сега имаат 19 бодови, исто колку и Украина која во понеделник ја пречекува Шпанија, а Словаците му гостуваат на Луксембург.
Шпанија по десетти пат во историјата ќе игра на Европско првенство со што го изедначи рекордот на Русија и СССР, а пред неа е само Германија со еден настап повеќе.
Швајцарија со „седумка“ го демолираше Сан Марино, па покрај максималната Англија која ја победи Естонија со 2-0 ќе патува во Франција. Во третиот натпревар Словенија и Литванија ремизираа со 1-1.
Австрија ја победи Црна Гора со 3-2 во Подгорица и го обезбеди првото место, а за второто место во последното коло ќе решаваат Русија која игра дома со Црна Гора и Шведска која ја пречекува Молдавија.

Најнови вести