Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2017

Македонија со пресврт ја совлада Швајцарија

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа во претквалификациите за Европското првенство 2021. Во синоќешниот натпревар во салата „Јане Сандански", Македонија триумфираше над Швајцарија со 83:68.

Избраниците на Давитков беа фаворити на овој натпревар, но требаше малку да се помачат за да го демонстрираат тоа на паркетот.
Швајцарците даваа силен отпор во првите две четвртини од средбата, па на пауза Македонија имаше предност само од  два поени (38:36).
„Црвено-жолтите“ квалитетот го покажаа во третата четвртина, кога целосно ја надиграа Швајцарија и со резултат од 28-15 ги решија сите дилеми околу победникот.
Во последните десет минути, Македонија рутинска го приврши натпреварот и дојде до убедлива победа од 15 поени (83:68).
Прв играч во нашата репрезентација повторно беше Хендрикс со 16 поени и 9 скока, Стајиќ забележа 11, исто толку имаше и Ѓуроски, а двоцифрен број поени (10) реализира и Дамјан Стојановски.
Со оваа победа, како и таа пред три дена на гостувањето кај Словачка, Македонија заврши добар дел од работата, но тоа ќе треба да се потврди и на реваншите, кои се на програмата во февруари и јуни следната година.

Најнови вести