Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2014

Македонија убедлива на стартот од квалификациите

Македонија со победа над Швајцарија стартуваше во квалификациите за Европското првенство 2016 година и ги освои првите бодови.

Македонската ракометна репрезентација во салата „Борис Трајковски“ успешно стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска совладувајќи ја репрезентацијата на Швајцарија со 27-20. 
Нашите ракометари одлично го отворија натпреварот, постојано имаа предност од три голови, а во 22-та минута го искористија исклучувањето кај гостинот и веќе водеа со 10-5. На крајот на првиот дел македонскиот тим можеше да ја зголеми разликата, но направија неколку грешки во нападот и на полувремето резултатот беше 12-8.
Во вториот дел од натпреварот дури четири минути нашата репрезентација немаше постигнато погодок, па противничкиот тим се доближи на еден гол, но со одбраните на Борко Ристески, екипата се мотивира и проработи нападот. Во 38-мата минута од средбата резултатот беше 15-11, а највисока разлика имаше во 48-мата минута, 22-14, што беше причина за крајот на натпреварот да заврши мирно со резултат 27-20.
Во нашата репрезентацијата најдобар стрелец беше Кире Лазаров со 13 голови, а одлично одигра и Манасков, кој постигна четири погодоци, додека Борко Ристевски имаше 15 интервенции на голот.
Во недела, на втори ноември, во второто коло од групата 6 Македонија гостува кај Чешка, а чешката репрезентација загуби убедливо 41-25 на гостувањето во Франција, која е најголем фаворит за освојување на првото место во оваа конкуренција.

Најнови вести